Во однос на рекламирањето на алкохолни пијалаци, постојат законски ограничувања, особено за областа на ТВ и радио рекламирањето. Во Австрија постои општа забрана за рекламирање на жестоки пијалаци. Жестоки пијалаци се пијалаци чија минимална содржина на алкохол е 15% и кои се добиваат со дестилирање или мешање со други жестоки пијалаци. Според Законот за ORF и приватни радија, рекламирањето на алкохолни пијалаци кои не се сметаат за жестоки пијалаци, како што се пивото или пенливото вино, не смее да биде специјално насочено кон малолетници. Алкохолот во рекламите не смее да се прикажува како да го зголемува успехот. Консумирањето алкохол не смее да се прикажува како решение за проблемите. Исто така, Законот за аудиовизуелни медиумски услуги, како и Законот за приватни радија предвидуваат речиси идентични ограничувања за рекламирање на алкохолни пијалаци.

Прочитајте ја и нашата статија „Радиодифузно рекламирање“

Прочитајте исто така: „Рекламирање на храна за доенчиња“